Запознајте ја Ада! Meet Ada

Првиот дигитален службеник на Владата на Република Северна Македонија.



Ада е дигитален асистент кој нуди информации за програмите за државна помош и отворените повици. Таа дава одговори на најчесто поставуваните прашања 24/7 за да се осигура дека корисниците ги разбираат програмите. Со помош на Ада, граѓаните и инвеститорите можат да носат добро информирани одлуки и да имаат корист од многубројните можности кои ги нуди Владата на Република Северна Македонија.



Ада може да Ви помогне со


Инстантни одговори и пристап до информации од јавен карактер

Инстантни одговори и пристап до информации од јавен карактер


Преку дигиталниот асистент, граѓаните и заинтересираните странски инвеститори можат да добијат релевантни информации и да се запознаат со достапните програми и отворени повици.


Дополнително корисниците ќе добијат одговор на сите најчесто поставувани прашања поврзани со програмите за државна помош на Владата на Република Северна Македонија.

Предлог за финансиска поддршка

Предлог за финансиска поддршка


Со цел привлекување на поголем број на странски инвестиции во земјата, асистентот ја претставува нашата држава како поволна инвестициска дестинација, притоа нудејќи персонализиран пристап при комуникација со потенцијални странски инвеститори.


Ада ги води потенцијалните странски и локални инвеститори чекор по чекор низ процесот на избирање мерки на финансиска поддршка кои највеќе одговараат на нивните бизнис потреби.

Аплицирање за финансиска поддршка

Аплицирање за финансиска поддршка


Корисниците кои сакаат да аплицираат за даден повик можат истото да го сторат преку конверзација со самиот асистент.


Претпријатијата кои пак се интересираат за некоја од програмитe ќе бидат информирани од страна на асистентот и да се пријават со оставање на соодветните податоци.

Проверување на подобност на кандидат

Проверување на подобност на кандидат


Откако корисникот ќе изрази желба да аплицира за ФИТР повик за финансиска поддршка, Ада може да го води чекор по чекор низ процесот на проверка на подобност.


Ада ќе им заштеди време и напор на заинтересираните инвеститори, истовремено обезбедувајќи им точни и веродостојни информации. Преку едноставниот процес, заинтересираните инвеститори ќе знаат дали се подобни кандидати за финансиска поддршка.

Навремени известувања и потсетници

Навремени известувања и потсетници


Во самиот дигитален асистент е инкорпориран нотификациски центар со цел проактивно известување на заинтересираните корисници за програмите за државна помош.


Притоа асистентот може да го потсетува и известува корисникот за нови отворени повици, прес-конференции и можности за следење на истите во живо.

Поволности за инвеститори

Поволности за инвеститори


Главната улога на Ада е да нагласи колку Северна Македонија е атрактивна инвестициска дестинација. Таа може да ги информира сите заинтересирани корисници за придобивките што би ги добиле доколку инвестираат во нашата земја.


Ада може да ги наведе карактеристиките што ја прават нашата земја привлечна, а дополнително да прецизира што би можеле да добијат инвеститорите во Технолошко индустриските развојни зони доколку одлучат да инвестираат во една од зоните.




Четири институции, еден асистент

Преку Ада, може да дознаете информации за четири институции брзо и едноставно




ВИ асистенти кои автоматизираат
цели оддели


Природна конверзација низ chat, без крива на учење

Достапни за
разговор 24/7

ОПСЛУЖУВАЊЕ НА НЕОГРАНИЧЕН БРОЈ НА КОРИСНИЦИ ИСТОВРЕМЕНО



Достапна на најпопуларните чет платформи



Како и веб-страниците на институциите кои
нудат финансиска поддршка за инвестиции



Дали сте заинтересирани за финансиска поддршка за
инвестиции?



© 2023 Сите права се задржани. Овозможено од CodeWell AI.